Ekip
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
РЕНК (AA) – Обединетите нации велат дека бројот на нападите на хуманитарните работници во Јужен Судан е во пораст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Серге Тисот, хуманитарен координатор во Јужен Судан, во соопштение истакна дека нападите, исто така, загрозиле милиони Јужносуданци кои се во опасност поради граѓанска војна. Милиони луѓе се соочуваат со голем глад.
Најмладата нација на светот стна едно од најопасните места за хуманитарните работници. Од 2013. година убиени се 82 хуманитарци, од кои 15 оваа година.
Обединетите нации велат дека нападите вклучуваат и ограбување на магацини и камиони, како и дека на тој начин се изгубени тони хуманитарна помош.
ОН во повеќе наврати бараше од Владата на Јужен Судан подобро да ги заштити хуманитарните работници и да ги пушти да ја вршат својата работа без ограничување.
Атени Век Атени, портпарол на Владата, вели дека е несоодветно да се смета оти хуманитарните работници се мета на властите.