Zehra Ulucak
27 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
АНКАРА (АА) - На подрачјето на индиската држава Андра Прадеш за 13 часа се регистрирани повеќе од 36.740 громови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Центарот за вонредни состојби на Андра Прадеш, само за 13 часа ова подрачје било подогено од 36.749 громови. Понатаму, во следната минута се забележани околу 50.
Во оваа индиска држава, од вчера загинаа девет лица. Официјалните лица наведуваат дека оваа бројка е невообичаено висока и дека станува збор за екстремни временски прилики.
Официјалните податоци велат дека од 2005 година, на годишно ниво, од громови загинале најмалку 2.000 лица.