Ekipa
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 16 припадници на безбедосните сили денес се убиени во бомбашки напад во западната индиска сојузна држава Махараштра, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на Владата, Давендра Фаднавис, изјави: „Со тага дознавме дека наши 16 припадници на безбедносните сили „C-60“ од Гадчироли загинале во кукавичкиот напад од страна на наксалитите денес. Моите мисли и молитви се со семејствата на загинатите војници“.
Инц се случи во подрачјето Гадчироли кога маоистички бунтовници извршиле напад со импровизиран експлозивен уред кој бил активиран на патот во моментот на поминување на полициското возило.
Според медиумските извештаи, на местото на експлозијата се случила престрелка меѓу полицијата и бунтовниците.
Нападите се случија во пресрет на повеќеетапните општи избори во земјата.
Индискиот премиер Нарендра Моди, исто така, го осуди нападот.
„Остро го осудувам нападот врз нашите безбедносни сили во Гадчироли, Махараштра. Ја поздравувам храброста на безбедносните припадници. Нивното жртвување нема да биде заборавено никогаш. Моите мисли и солидарност се со ожалостените семејства. Извршителите на овој напад нема да бидат поштедени“, напиша Моди на Твитер.