Ekip
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ЊУДЕЛХИ (АА) - Индискиот добитник на Нобеловата награда за мир, Кајлаш Сатјарти соопшти дека е многу разочаран од ставот на мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Чи околу проблемот со Рохинџа муслиманите, нарекувајќи ја ситуацијата како „најголема хуманитарна криза на оваа ера”, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сатјарти во саботата рече дека раководењето на кризата од страна на Владата на Мјанмар е „лошо и неприфатливо”, поради фактот што 400.000 Рохинџа муслимани кои изминатиот месец ја напуштија мјанмарската држава Аракан поради насилствата во неа и засолниште најдоа бегајќи во соседен Бангладеш.
„Речиси целата заедница на добитници на Нобеловата награда за мир е многу разочарана од нашата колешка Су Ќи, добитнична на оваа награда. Поради тоа ѝ пишавме. Не земајќи ја политиката во предвид, станува збор за хуманитарна криза од големи размери, и Су Ќи со тоа мора да се носи од таа перспектива, изјави Сатјарти.
Своето мислење за кризата во Мјанмар, нобеловецот Сатјарти го изнесе за време на својот престој во индиската североисточна држава Асам во рамките на кампањата за ширење на свеста против злоупореба и мачење на децата.
Сатјарти, борец за правата на децата, е добитник за Нобеловата награда за мир во 2014 година, заедно со пакистанката Малала Јусуфзаи.