свет

Илјадници работници во Велика Британија започнаа четиридневен штрајк

- Илјадници работници низ Велика Британија денеска започнаа четиридневен штрајк поради долготрајните спорови за работните услови и неправедните плати

Ekip  | 18.08.2022 - Обновена : 22.08.2022
Илјадници работници во Велика Британија започнаа четиридневен штрајк

ЛОНДОН (АА) - Илјадници работници низ Велика Британија денеска започнаа четиридневен штрајк поради долготрајните спорови за работните услови и неправедните плати, јавува Агенција Анадолија (АА).

Работниците кои штрајкуваат се од Националната железница, „Транспорт за Лондон“ и „Лондонски автобуси“ и од други транспортни услуги и се членови на голем број синдикати, вклучувајќи го и Националниот синдикат на железнички, поморски сообраќај и транспорт (RMT).

„Националната железница не ја подобри својата претходна понуда за плаќање и компаниите кои управуваат со возовите, не ни понудија ништо ново. Шефовите на подземната железница се во тајни разговори со Владата за да ги намалат трошоците со кратење на работните места и поткопување на работните услови и пензиите“, рече шефот на РМТ, Мајк Линч.

Тој додаде дека штрајкот може да доведе до отпуштања и намалување на работниот капацитет за 50 отсто.

Британскиот министер за транспорт, Грант Шапс, го осуди масовниот штрајк и ги обвини учесниците во него за предизвикување непотребни пречки на милиони патници кои се потпираат на транспортните услуги во земјата за да стигнат до работа и да ги посетат семејството и пријателите.

Синдикатите кои го предводат масовниот штрајк, сепак, тврдат дека нивните работници се тешко погодени од кризата на трошоците за живот, со инфлација која достигна највисоко ниво од 10 отсто и намалување на платите. Понатаму тврдат дека лошите услови за работа им го загрозуваат животот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın