Qais Omar Darwesh Omar,Hacer Başer
18 Мај 2023•Ажурирај: 18 Мај 2023
НАБЛУС (АА) - Израелските сили во рамките на рацијата во окупираниот Западен Брег ранија тројца Палестинци, додека 35 лица беа погодени од солзавец, пренесува Анадолу.
Според информациите добиени од очевидците, голем број израелски војници извршиле рација и претрес во некои домови во Наблус, кој се наоѓа во северниот дел на Западниот Брег.
Во овие рамки настана судир меѓу израелските војници и Палестинците кои реагирале против овие рации.
Израелските сили со солзавец, како и со вистински и гумени куршуми интервенираа врз Палестинците.
Меѓу другото, Палестинците ги затворија улиците и фрлаа камења и молотови коктели кон војниците.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека во судирите се ранети три лица, од кои еден е ранет со вистински куршум, а двајца со гумени куршуми.
Исто така, се истакнува дека 35 лица биле погодени од солзавец.
Инаку, израелските сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Често доаѓа до судир меѓу израелските војници и Палестинците кои реагираат против рациите на израелската војска.