Ekip
21 Декември 2021•Ажурирај: 21 Декември 2021
РАМАЛА
Војниците на израелската Армија приведоа тројца Палестинци, вклучително и доилка, во окупираниот Западен Брег денес, соопшти локална невладина организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здружението на палестинските затвореници соопшти дека апсењата се случиле во градовите Јерихон, Ал Бира и Витлеем.
Не е наведена причината за апсењата.
Невладината организација рече дека помеѓу притворените е и доилка на едномесечно бебе.
Израелската Армија често спроведува кампањи за апсења низ окупираниот Западен Брег со изговор дека е во потрага по „барани“ Палестинци.
Според невладината организација, во израелските затвори има околу 4.650 палестински притвореници, во кои има најмалку 500 лица што се држени без никакво обвинение или судење, според израелската политика за административен притвор.