Mustafa Deveci
07 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 8 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на израелската војска, во операциите извршени синоќа во различни места на Западниот Брег, приведени се 8 Палестинци под изговор дека биле вмешани во „терористички активности“.
Се вели дека приведените Палестинци биле пренесени во центрите за притвор каде што ќе бидат испрашувани.
Израелските сили често вршат рации во окупираните Западен Брег и Источен Кудс, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои во Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс) станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои и деца и жени, со денови се држат во центри за притвор.
Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци, од кои 430 административни притвореници и 270 деца.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци. Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.