Ali Abo Rezeg
05 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
РАМАЛА
Израелските сили притворија седум Палестинци во синоќешните рации на Западниот Брег, соопшти израелската армија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено денеска се вели дека Палестинците биле осомничени поради наводи дека биле вклучени во некои непријателски активности кон армијата, без да се даде објаснување за природата на таквите активности.
Израелската војска често извршува сеопфатни акции на апсење на „бараните“ Палестинци од Западниот Брег и Ерусалим (Кудс).
Според палестинската официјална бројка, во моментот, во притворните центри низ Израел се наоѓаат над околу 5.500 Палестинци (вклучувајќи голем број жени и деца).