Mustafa Deveci
11 Април 2019•Ажурирај: 12 Април 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 19 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на израелската војска, во операциите извршени синоќа, во различни места на Западен Брег приведени се 19 Палестинци под изговор дека биле вмешани во „терористички активности“.
Се вели дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор, каде што ќе бидат испрашувани.
Израелските сили често вршат рации во окупираните теритирии на Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои на Западен Брег и Ерусалим станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои има деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.
Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 5.700 Палестинци, од кои околу 500 административни притвореници и 230 деца.
Израел, со практиката наречена „административен притвор“, во зависност од разузнавачките информации може да приведе Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.