Ekipa
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
НАБЛУС (AA) - Израелската војска отвори оган врз безбедносен центар во градот Наблус кој се наоѓа во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Наблус, Ибрахим Рамадан, во изјава за АА истакна дека во израелскиот напад врз безбедносниот центар во Западниот Брег е повреден еден палестински безбедносен службеник.
Рамадан информираше дека група израелски војници извршиле рација во градот Наблус, кои, според Рамадан, го блокирале овој центар и од три страни отвориле оган врз него.
Тој нагласи дека во овој напад, кој бил извршен без некое образложение, биле таргетирани палестинските безбедносни службеници.
Рамадан случајот го опиша како опасен настан и изјави дека израелските војници по нападот се повлекле.