Esat Fırat
20 Ноември 2021•Ажурирај: 21 Ноември 2021
КУДС
Израелските безбедносни сили приведоа најмалку 1.149 малолетни Палестинци во првите 10 месеци од 2021 година во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) и на Западниот Брег, известува Агенција Анадолија (АА).
Здружението на палестински затвореници објави извештај по повод Меѓународниот ден на детето, во кој наведува дека во притвор во израелските затвори се наоѓаат најмалку 160 малолетни Палестинци.
Во извештајот исто така се вели дека сите приведени малолетни Палестинци преживеале психолошки трауми, а две третини од нив биле изложени и на физичко насилство.
Израелските власти усвоија низа закони што им овозможуваат изрекување повеќегодишни затворски казни на малолетниците, а поголемиот дел малолетни Палестинци при приведувањето биле изложени на пцовки, претепување, закани и други облици на застрашувања.
Здружението на палестински затвореници ги повика меѓународните организации да ги заштитат малолетните Палестинци.