свет

Израелските сили минатиот месец приведоа 466 Палестинци

Меѓу приведените 16 се жени, додека 63 се малолетници

Mustafa Deveci  | 12.11.2020 - Обновена : 17.11.2020
Израелските сили минатиот месец приведоа 466 Палестинци

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили во октомври во Источен Ерусалим и на Западниот Брег привдеоа 466 Палестинци, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На Западниот Брег е приведен 261 Палестинец, во Источен Ерусалим 200 и пет во пограничното подрачје на Појасот Газа. Меѓу приведените лица 16 се жени, додека 63 се малолетници.

Израелските сили често вршат приведувања на Палестинци во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, под различни обвиненија. Некои од Палестинците, вклучувајќи жени и деца, се држат со денови во притворните центри.

Податоците на Здружението на палестински затвореници покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 4.500 Палестинци, меѓу кои има и жени и малолетници. Според податоците, станува збор за околу 170 малолетници и 40 жени.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.