Израелските сили извршија три нови упади во подрачјето на сириска Кунејтра
Упадите се случија и покрај официјалното соопштение дека започнала нова рунда преговори меѓу Дамаск и Тел Авив со посредство на САД, фокусирани на оживување на Договорот за недејствување од 1974 година
ДАМАСК/ИСТАНБУЛ (АА) — Израелските армиски сили денес извршија три упади во руралното подрачје на Кунејтра во јужна Сирија, што е ново кршење на суверенитетот на арапската земја, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Патрола од три возила премина од влезот на градот Бир Аџам кон селата Барика и Кудна во руралното подрачје на Кунеијтра, соопшти Сириската арапска новинска агенција (САНА).
Друга израелска формација составена од 12 воени возила влезе во селото Саида ал-Ханут преку преминот Тал Абу Гаитар, од каде продолжи по патот до селото Рузанија и понатаму кон Саида ал-Голан, соопшти Агенцијата.
САНА истакна дека израелските војници поставиле блокада на западната раскрсница на Саида ал-Голан. Други трупи накратко влегле во селото, извршиле претрес на куќа и потоа се повлекле.
Упадите се случија и покрај официјалното соопштение дека започнала нова рунда преговори меѓу Дамаск и Тел Авив со посредство на САД, фокусирани на оживување на Договорот за недејствување од 1974 година.
Нема непосреден коментар од израелската армија или сириските власти за новите упади.
Израелските сили вршат речиси секојдневни упади на сириска територија, особено во руралните средини на Кунејтра, приведувајќи цивили, поставувајќи контролни пунктови, испрашувајќи минувачи и уништувајќи обработливо земјиште.
По падот на режимот на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година, Израел ја прошири својата окупација на сириската Голанска Висорамнина со заземање на демилитаризираната тампон-зона, потег со кој се прекрши договорот од 1974 година со Сирија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
