Zeynep Hilal Karyağdı,Qais Omar Darwesh Omar
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
РАМАЛА (АА) - Израелските војници во Ерусалим (Кудс) го убија Палестинецот по име Усама Сидик Мансур (42) и ја ранија неговата сопруга, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се наведува дека како резултат на огнот отворен од израелските војници, еден Палестинец на северозападот од Ерусалим бил ранет во главата, и дека откако бил пренесен во Медицинскиот комплекс во Рамала им подлегнал на повредите.
Се истакнува дека неговата сопруга е повредена во половината со вистински куршум, и дека таа е на лекување.
Од друга страна, во веста на палестинската официјална агенција ВАФА (WAFA) се наведува дека израелските војници отвориле оган врз возилото во кое се наоѓале Палестинецот и неговата сопруга во близина на Бир Набала, северозападно од Ерусалим.
Меѓу другото се истакнува дека израелските војници синоќа извршиле рација во градовите Бир Набала и Ел-Џејб со десетици возила, а потоа дошло до судири со Палестинците.
Сè уште нема детални информации за настанот.