Muhammed Semiz
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
РАМАЛА (АА) - Израелските војници убија двајца Палестинци, меѓу кои и едно момче, во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, а повредени се уште пет лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство, израелски војници извршиле рација во градот Џенин на северот на Западниот Брег.
За време на рацијата, израелските војници убија 17-годишно момче и 23-годишен Палестинец.
Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се истакнува дека пет Палестинци, од кои тројца се тешко повредени од израелските војници со вистински куршуми, се пренесени во болницата „Ибн Сина“ во Џенин.
Од друга страна, во писмената изјава на Израелската армија се наведува дека е започната воена операција против бегалскиот камп „Џенин“ за приведување на некои Палестинци.
Во соопштението е забележано дека Палестинците во кампот отвориле оган врз израелските војници, а еден лесно ранет војник е пренесен во болница.