свет

Израелските војници ранија 47 Палестинци во Газа

Десетици илјади Палестинци собрани на пет точки по должината на границата на Газа бараат Израел да се повлече од нивната територија и да се укине блокадата на Газа

Ekipa  | 15.05.2019 - Обновена : 16.05.2019
Израелските војници ранија 47 Палестинци во Газа

ГАЗА (АА) - Kако резултат на интервенцијата на израелските војници врз мирните демонстрации „Марш за големо враќање“ на границата на Појасот Газа, кој e под блокада, ранети се 47 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Министерството за здравство на Газа се потврдува дека како резултат на интервенцијата на израелските војници врз мировните демонстрации „Марш за големо враќање“, што се одржуваат во источниот дел на Газа, повредени се 47 Палестинци. 

Во соопштението нема информации за состојбата на повредените. 

Десетици илјади Палестинци собрани на пет точки по должината на границата на Газа бараат Израел да се повлече од нивната територија и да се укине блокадата на Газа. 

Палестинците 15 мај го одбележуваат како денот „Накба“ (Голема катастрофа), поради прогласувањето независност на Израел на палестинска територија, на 14 мај 1948 година, и поради што Палестинците беа принудени од Израел да мигрираат. 

Од 30 март 2018 година, Палестинците организираат мирни демонстрации под името „Марш за големо враќање“ на границата помеѓу Појасот Газа и Израел. 

Израелските војници одговараат со оган против цивилното палестинско население кое бара враќање на териториите од кои е протерано и укинување на блокадата на Газа, која започна во 2006 година. 

Во израелските напади во текот на демонстрациите убиени се над 200 Палестинци. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın