Qays Abu Samra,Said İbicioğlu
05 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа тројца странци кои биле дел од насобраната група кои го изразиле своето незадоволство поради рушењето на бедуинските куќи и трла во Хан ал Ахмар, во источниот дел на Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдулах Абу Рахме, организаторот на кампањата „Спасете го Хан ал Ахмар“, изјави дека израелските војници утринава привеле тројца странци кои демонстрирале против рушењето на куќите на бедуините.
Абу Рахме не кажа за чии државјани станува збор. Тој додаде дека војниците ги затвориле пристапите во порачје и на лицата кои дошле да се солидаризираат не им дозволиле пристап.
Израелските војници од вчера изутрина не дозволуваат движење кон бедуинските заедници во Абу ал Невар и Хан ал Ахмар. Во Абу ал Невар се срушени 40 куќи и трла. Палестинците реагираа на овие рушења, по што интервенираа израелските војници и приведоа неколку лица.
Врховниот суд во Израел во мај донесе одлука за рушење на бараките во кои живеат околу 190 Палестинци и училиште во кое наставата ја следат 170 ученици.