Mustafa Deveci
01 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа еден палестински новинар во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидците, Мухамед Енвер Мона, новинар во новинската агенција „Quds Press“, беше приведен од страна на израелските војници во неговата куќа во селото Завата, кое се наоѓа во градот Наблус.
Жителите на селото реагираа против приведувањето на Мона, при што се случи судир меѓу нив и израелските војници.
Израелските војници со солзавец и гумени куршуми ги нападнаа Палестинците кои реагираа против приведувањето.
Од друга страна, во соопштението на израелската војска се вели дека израелските сили привеле девет Палестинци во различи места на Западниот Брег, под изговор дека биле вмешани во терористички активности.
Според локални извори, во израелските затвори се наоѓаат над 20 палестински новинари.