ЕЛ ХАЛИЛ (АА) - ЕСАТ ФИРАТ - Мухамед ет-Тавил, лице со даунов синдром, кој беше приведен од страна на израелските војници за време на настаните во неделата во градот Ел Халил (Хеброн) кој се наоѓа на окупираниот Западен Брег, во разговор со Anadolu Agency (AA) раскажа она што го доживеа тој ден.
Младиот Палестинец кого го познаваат речиси сите од подрачјето на стариот град во Ел Халил, беше приведен за време на интервенцијата на израелските војници врз демонстрациите одржани против одлуката на САД околу Кудс, што привлече големи реакции откако беа споделени фотографии на социјалните мрежи како Ет Тавил е приведен.
„Шетајќи се низ подрачјето како секогаш, еден војник ми ги фати и ми ги врза рацете, и ме однесе во станица“, рече младиот Палестинец во разговор за АА.
Тавил нагласи дека за време на престојот во станицата, каде бил задржан околу еден час, бил изложен на насилство. „Првин ме тепаа, потоа ме ослободија“, раскажа Тавил.
Таткото на палестинското момче со даунов синдром, Хизир ет-Тавил, пренесе дека неговиот син, кој, според него е многу активен и често се шетал бил познат во околината, дури и од страна на израелските војници.
„Иако ја знаеја состојбата на Мухамед, смеејќи се едни со други го приведоа и го тепаа“, истакна таткото Тавил.
Тој упати апел до организациите за човекови права за спречување на нападите на Израел врз Палестинците, пред сѐ врз лицата со попреченост.
- „Покрај сето молење го приведоа“ -
Амир Еш Шелведи, фотограф кој го фотографираше приведувањето на младиот Мухамед од страна на израелските војници, истакна дека младиот со Даунов синдром бил приведен покрај сето молење.
„Мухамед се обидуваше да оди во својот дом во населбата Ебу Сунејне во стариот град. Израелските војници не дозволуваа никој да помине од местото и од случувањата. Но Мухамед беше одлучен да си оди дома. Кога се приближи до воената точка, израелските војници го запреа и контролираа, потоа го приведоа иако новинарите во подрачјето ја објаснија неговата состојба“, рече фотографот.
- „И децата и лицата со попречност се цел на окупатоската сила“ -
Членот на Палестинската ослободителна организација, Васил Ебу Јусуф, истакна дека Израел, продолжувајќи со насилствата врз палестинскиот народ, го прекршува меѓународното право.
По одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавање на Кудс како главен град на Израел, Палестинците одржаа демонстрации во повеќе места како што се Источен Кудс, Западен Брег, Газа, додека стотици лица беа повредени за време на интервенциите врз демонстрантите од страна на израелските сили.
- Подрачјето Стар град во Ел Халил е под контрола на Израел -
Во рамките на Вториот договор во Осло потпишан во 1995 година меѓу Палестина и админстирацијата на Израел, Западен Брег беше поделен во три зони, А, Б и Ц.
Според тоа, Палестина управува со зоната А (18 отсто од Западниот Брег), од административен и безбедносен аспект, исто така управува со зоната Б (21 отсто од Западниот Брег) само од административен аспект, додека Израел управува со безбедноста. Израел ја има целата управа на зоната Ц (61 отсто од Западниот Брег), како од административен така и од безбедносен аспект.
Според договорот, страните немаше да направат чекори за промени на терен сѐ додека не се обезбеди конечно решение. Но, Израел прекршувајќи го Договорот во Осло, продолжи да поставува еврејски доселеници како и да формира воени бази.
Со договорот постигнат меѓу Израел и Палестина, градот Ел Халил беше поделен на два дела, Х1 и Х2. Палестина има целосна управа во 80 отсто од градот, од административен и безбедносен аспект, додека Израел управува со 20 отсто од градот, само од безбедносен аспект, додека Палестина ја има управата од административен аспект.
Подрачјето на Стариот град, каде што се наоѓа и Харем-и Ибрахим, е означен како Х2, и е под контрола на Израел.