Eshat Fırat
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Израелскиот воен суд покрена обвинение против 16-годишната палестинска тинејџерка Ахед Тамими, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинението против оваа млада Палестинка од селото Неби Салех во окупираниот Западен Брег, која го привлече вниманието на светската јавност со своите постапки, беше покренато за наводен напад на израелски војници.
На тинејџерката ѝ е продолжен притворот за уште осум дена, додека нејзината мајка Нериман Тамими се товари за напад и повик на немири преку социјалните медиуми.
Таткото Ахед Тамими таквата постапка на израелскиот суд ја нарече политички процес.
Да потсетиме, Тамими е снимена во декември 2017 година како пред семејната куќа ги турка, удира и им удира шамари на израелските војници, кои на тоа не реагираа.
Освен тоа, Тамими гризнала израелски војник за рака, кој го држел нејзиниот брат за врат во обид да го уапси во 2015 година.
Палестинците ја сметаат младата Ахед за симбол на нивната борба против Израел.