Ahmed Asmar
10 Јануари 2024•Ажурирај: 11 Јануари 2024
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Врховниот суд на Израел денес донесе привремена одлука со која му забранува на министерот за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, да им издава наредби на полициските сили за време на протестите, пренесува Анадолу.
Бен-Гвир „мора да се воздржи од давање оперативни инструкции на полицијата во врска со остварувањето на правото на демонстрации и слободата на протест“, се наведува во одлуката на судот, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Израелските групи за човекови права поднесоа тужба со барање да му се забрани на крајно десничарскиот министер да ѝ издава наредби на полицијата да ги спречи протестите против израелските напади врз Појасот Газа.
Бен-Гвир има крајно десничарски ставови за Палестинците и повикува на нивно раселување. Тој повеќепати им се има придружено на еврејските доселеници во упадите во комплексот на џамијата Ал-Акса во Источен Ал-Кудс/Ерусалим.