Sibel Uğurlu
15 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, беше испрашан од страна на израелската полиција по седми пат, откако минатата година беше осомничен и обвинет за корупција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од израелската полиција се вели дека вчера Нетанјаху во својот дом во Кудс бил испрашуван неколку часа како дел од тековната истрага за корупција.
Сепак, во соопштението не се дадени други дополнителни детали во врска со истрагата.
Нетанјаху од минатата година е предмет на кривични истражувања во два одвоени корупциски случаи.
Тој постојано негира дека направил некакво кривично дело.
Првиот случај го вклучува холивудскиот продуцент Арнон Милчан, од кој, наводно, било побарано да купи луксузни предмети за Нетанјаху и неговата сопруга.
Вторниот случај се однесува на обвинувањата дека Нетанјаху направил договор за поволно медиумско покривање со Арнон Мозес, издавачот на популарниот весник на еврејски јазик, „Едиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth).
Сопругата на Нетанјаху, Сара, беше исто така испрашана од страна на полицијата во врска со претходни обвиненија за корупција.
Таа е обвинета за добивање луксузни и несоодветни подароци од богати бизнисмени и давање поткуп на медиумски магнат во замена за поволно покривање.
Таа била испрашувана во рамките на тековната истрага за обвиненијата дека Нетанјаху користел државни средства за лични трошоци.