Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
30 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
КУДС (АА) - Израелските пратеници денеска гласаа за усвојување на последното читање на Нацрт-законот за распуштање на Кнесетот (Парламентот), со што се отвора пат за предвремените избори закажани за 1 ноември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Деведесет и двајца пратеници гласаа за Предлог-законот за распуштање на Кнесетот, без ниту еден против.
Кнесетот минатата недела на прелиминарното читање гласаше за распуштање на актуелниот состав.
Второто и третото читање беа одложувани двапати оваа недела поради несогласувања помеѓу пратениците од власта и опозицијата.
Според неодамнешниот договор со израелскиот премиер Нафтали Бенет, министерот за надворешни работи Жаир Лапид ќе биде на чело на преодната влада додека не се оформи новиот кабинет по претстојните избори.