Mücahit Aydemir
29 Септември 2022•Ажурирај: 30 Септември 2022
КУДС (АА) ‒ Израелската војска соопшти дека ќе користи вооружени дронови против Палестинците со цел да ги избегне насилствата во судирите во рамки на рациите кои ги извршува на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Ерусалим пост“ (The Jerusalem Post), началникот на Генералштабот на Израелската армија, генералот Авив Кохави, даде зелено светло за тоа командантите на Западниот Брег да користат вооружени дронови за убивање на таргетираните лица.
Се истакнува дека одлуката за користење на вооружени дронови дојде по зголемувањето на нападите и судирите за време на рациите извршени од страна на израелските сили во градовите Џенин и Наблус на Западниот Брег, со цел приведување на Палестинците.
Од друга страна, израелските команданти во септември биле на обука која е подготовка за можно користење на вооружени дронови за време на операциите.
Воздухопловните сили на Израел од 2008 година користи вооружени дронови во нападите против организациите Хамас и Исламски џихад во Појасот Газа, но претходно немаа користено вооружени дронови на Западниот Брег.
Израелските сили често вршат рации на окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
Поради оваа причина доаѓа до судири меѓу израелските војници и Палестинците кои реагираат против рациите на израелската војска.
Потсетуваме, израелските војници вчера извршија рации во градот Џенин, во чии рамки загинаа 4 Палестинци, додека 44 Палестинци беа повредени.