Ahmed Asmar
13 Ноември 2024•Ажурирај: 13 Ноември 2024
БЕЈРУТ (АА) - Израелските воени авиони утринава извршија серија воздушни напади врз области во јужното предградие на Бејрут, објави либанската државна новинска агенција ННА, јавува Анадолу.
Цел на воздушните напади беа областите Харет Хреик, Бир ал-Абед, Лејлаки и Гобеири. Погоден е и медицинскиот центар Дар ел-Хавра во Харет Хреик.
Јужното предградие, особено населбата Харет Хреик, е под редовни израелски напади од октомври.
Израел ја засили својата воздушна кампања во Либан кон крајот на септември против, како што тврди, цели на Хезболах, како ескалација од едногодишната прекугранична војна од почетокот на офанзивата врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.
Речиси 3.300 луѓе се убиени, а над 14.200 повредени во израелските напади од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.
Израел на 1 октомври започна копнена инвазија во јужен Либан.
Нападите принудија повеќе од 1 милион луѓе да ги напуштат своите домови, а луѓето имаат потреба од хуманитарна помош.