Mehmet Nuri Uçar,Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout
22 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелската полиција уапси најмалку 40 Палестинци во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Одборот на заробените семејства наведено е дека израелската полиција привела најмалку 40 Палестинци, пред денешните протести кои се планирани по петочната молитва (џума намаз) во Источен Ерусалим.
Нови напнатости во Ерусалим настанаа откако израелската полиција во неделата ги затвори сите влезови во Ал-Акса, во окупираниот Источен Ерусалим.
Ден подоцна, во понеделникот, група палестински млади лица, се собраа на протестите и ги тргнаа ланците на еден од влезовите, кои ден претходно ги поставија израелските полицајци. Потоа интервенираше израелската полиција и уапси група демонстранти. Вратите од џамијата повторно се отворени истиот ден.