Enes Canlı
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Радикални еврејски доселеници ова утро влегоа во дворот на џамијата Ал Акса, која е под контрола на израелската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Управата на исламските фондации во Ерусалим, за АА изјави дека во утринските часови десетици радикални еврејски доселеници влегле во дворот на џамијата Ал Акса од портата Мегарибе, која е чувана од страна на израелската полиција.
Израелското раководство, од 2003 година наваму затвора очи и им дозволува на групи израелски доселеници да вршат прекршоци врз џамијата Ал Акса, која е под администрација на Харем-и Шерифи покрај приговорите од страна на Палестинците.
- Што се случи последните две недели? -
Израелската полиција на 14 јули, петок, под изговор дека се обиделе да извршат оружен напад, уби тројца Палестинци пред џамијата Ал Акса и во нејзиниот двор. По настанот настана општа мешаница во која животот го загубија двајца израелски полицајци на пат кон болница.
По настанот израелските сили ја затворија џамијата Ал Акса. Во неделата на 16 јули пред вратите на џамијата беа поставени детектори за метал и беше дозволен влез.
Палестинците, од поставувањето на детекторите за метал пред влезовите во џамијата Ал Акса не влегоа во неа, а своите молитви ги изведуваа на улиците пред влезовите во џамијата, при што често беа жртви на насилните интервенции на израелската полиција.
Израелскиот кабинет за безбедност донесе одлука со која на 25 јули беа отстранети детекторите за метал пред вратите на џамијата Ал Акса.
Исламските теолози од Ерусалим, во четвртокот на 27 јули ги повикаа верниците на молитва во Харем-и Шериф, но израелската полиција ги немаше отворено некои од вратите на џамијата Ал Акса, а имаше воведено и возрасна граница за влез во џамијата. Влез им беше дозволен на лицата постари од 50 години. По голема реакција од страна на Палестинците, беа отворени сите капии од комплексот Ал Акса и во Харем-и Шериф вледоа десетици илјади лица.
Подоцна израелската полиција со звучни бомби и гумени куршуми интервенираше врз Палестинците во и надвор од ѕидините на Ал Акса, по што ги затвори сите влезови во комплексот, освен Лавовската порта. При интервенцијата на израелската полиција беа повредени повеќе од стотина Палестинци.