свет

Израелската полиција го приведе гувернерот на Ерусалим

Израелската полиција сè уште на даде информации за причините за приведувањето на гувернерот Гајс.

Mustafa Deveci  | 05.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Израелската полиција го приведе гувернерот на Ерусалим

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција го приведе Аднан Гајс, гувернерот на Ерусалим, при палестинската администрација, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Локалните извори велат дека израелската полиција извршила рација во домот на гувернерот на Ерусалим, Гајс, во населбата Силван во окупираниот Источен Ерусалим.

Израелската полиција сè уште на даде информации за причините за приведувањето на гувернерот Гајс.

Израелските сили по 17. пат го притвораат Гајс, кој веќе 3 години е на позицијата гувернер на Ерусалим.

Израелските сили, кои често спроведуваат рации во домовите во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим, ги апсат Палестинците под различни обвиненија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.