Mustafa Deveci
23 Април 2021•Ажурирај: 24 Април 2021
АЛ КУДС (АА) - Израелската полиција низ окупираниот источен Кудс (Ерусалим) приведе десетици Палестинци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека пред судот ќе бидат изведени повеќе од 50 лица кои од синоќа се лишени од слобода во Кудс.
Не се соопштени идентитетите на приведените лица, но палестинската новинска агенција ВАФА јавува дека сите приведени лица се Палестинци.
Израелската полиција синоќа интервенира по терави намаз (вечерна молитва на муслиманите за време на месецот Рамазан) на портата Дамаск, во Стариот Град во источен Кудс.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во интервенцијата на израелската полиција, со гумени куршуми се повредени 105 Палестинци.
По споменатите нереди, во многу делови на Ал Кудс дојде до препирки меѓу Палестинците и Евреите.