Qays Abu Samra,Safiye Karabacak
24 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
ЈЕНИН (АА) - Израелската војска сруши куќа на уапсен Палестинец во Јенин, град во северниот дел на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на претресот на неколку објекти во Јенин, израелските војници ја минирале и ја уништиле семејната куќа на Ахмед Џемал Канба.
Станува збор за Палестинец кој веќе неколку месеци се наоѓа во притвор, а израелските власти го товарат дека учествувал во убиство на еврејски доселеник на Западниот Брег.
По рушењето на куќата дојде до судири меѓу локалните млади Палестинци и израелската војска. Во судирите војската користеше солзавец и пластична и боева муниција, додека демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели во правец на воените возила.
Израелската војска соопшти дека еден војник е повреден полесно.