Ata Ufuk Şeker
24 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Естонците 13 минути дневно читаат книги, што е најмногу во Европа, покажува истражувањето направено во 15 земји на ЕУ, односно во вкупно 22 земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за статистика на Европската Унија (Евростат) ги објави резултатите на истражувањето, спроведено од 2008 до 2015 година.
По Естонците следуваат Полјаците и Финците со по 12 минути дневно.
Резултатите покажуваат дека Унгарците читаат книги 10 минути дневно, а Грците една минута помалку.
Жителите на Луксембург, Германците и Турците дневно читаат по 7 минути, а државјаните на Велика Британија, Србија, Шпанија и Холандија, по 6 минути.
На крајот од листата се наоѓаат Австријците, Италијанците и Романците со по 5 минути, односно Французите, кои читаат книги 2 минути дневно.
Не се објавени податоците за Словенија, Латвија, Литванија и Бугарија.