Израелската војска контролира 77 % од Газа, објави прес-службата
- Канцеларијата за медиуми ги смета Израел и неговите поддржувачи, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија и Франција, за целосно одговорни за геноцидот во Газа.

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија контролира над 77 % од Појасот Газа, соопштија локалните власти денес, известува Анадолу.
„Податоците од терен и потврдената анализа покажуваат дека израелските окупациски сили сега ефикасно контролираат приближно 77 % од вкупната географска област на Појасот Газа“, соопшти канцеларијата за медиуми на владата во Газа.
Израелската војска ја стекна контролата по пат на „директни копнени офанзиви, распоредувајќи ги своите сили во станбени и цивилни области или спречувајќи ги Палестинците да пристапат до своите подрачја, земјишта и имот по пат на засилени воени активности или присилна евакуација“, се додава во соопштението.
Канцеларијата остро ги осуди плановите на Израел за масовно раселување, етничко чистење, систематски геноцид и колонијализам на доселениците со сила, ‘под маската на опсада и отворена војна насочена и кон луѓето и кон инфраструктурата“.
Таа ги етикетира Израел и неговите поддржувачи, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија и Франција, како целосно одговорни за злосторството геноцид во Газа.
Во четврток, весникот „Израел Хајом“ објави дека армијата планира да контролира 70-75 % од Газа во рок од речиси три месеци, како дел од проширената воена кампања во енклавата.
Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската војска спроведува брутална офанзива врз Газа од октомври 2023 година, во која се убиени повеќе од 53.900 Палестинци, од кои повеќето се жени и деца.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за воени злосторства против беспомошни цивили во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.