Qais Omar Darwesh Omar,Zeynep Hilal Karyağdı Duran
07 Декември 2022•Ажурирај: 11 Декември 2022
РАМАЛА (АА) - Израелските сили го опколија и блокираа Стариот Град во Наблус кој се наоѓа во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локалните извори, израелската војска изврши рација во Наблус. Израелските сили го блокираа Стариот Град во подрачјето и не дозволуваат влегување и излегување од местото.
Се вели дека настанале судири меѓу Палестинците во подрачјето и израелските војници и дека се слушнале пукотници.
Инаку, Израел во последниот период врши рации и операции за приведување во различни подрачја на окупираниот Западен Брег.
Израелските војници со вистински и гумени куршуми често интервенираат врз Палестинците кои реагираат против овие рации. Поради оваа причина, доаѓа до судири меѓу палестинските групи и израелските војници во различни места на Западниот Брег.