Ekip
31 Декември 2020•Ажурирај: 31 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелската војска соопшти дека во текот на 2020 година изведе напади на 300 цели во Појасот Газа и уште 50 напади на подрачјето на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Податоците од 2020 година покажуваат дека во Појасот Газа се изведени напади на околу 300 цели, додека нашите сили спречиле 38 обиди на преминување низ безбедносната ограда со Газа“, се наведува во соопштението на израелската војска.
Се наведува дека во текот на 2020 година од Појасот Газа се лансирани вкупно 176 ракети и минофрлачки гранати.
„Од тоа 90 отсто паднаа на празните подрачја, а противбалистичкиот ракетен систем „Железна купола“ пресретна 80 гранати и ракети кои ги гаѓаа цивилните подрачја“, се наведува во соопштението.
Се додава дека на северната граница со Сирија и Либан се забележани десет обиди на преминување низ безбедносната ограда.
„Нашите сили изведоа исто така 50 напади врз целите во рамките на Сирија, вклучувајќи 20 конкретни акции“, соопштено е од израелската војска.