Ikrame Imane Kouachi
03 Декември 2023•Ажурирај: 04 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Израелската војска денес побара евакуација на некои населби во градот Хан Јунис, јужно од Појасот Газа, известува Анадолу.
Во пораката упатена до населението на Газа, портпаролот на израелската војска, Авичаи Адрае наведе дека израелската војска „ја продолжува силната акција против Хамас и други терористички организации во Појасот Газа“.
Адрае ги повика „жителите на квартовиге Ал Махата, Ал Катиба, Хамада, Ал Сатар, Бани Сухаила и Маан да се евакураат“.
„Поради ваша безбедност, ве повикуваме да се преселите во места за интерно раселени лица во квартовите Ал Фукари, Ал Шабура, Ал Зухул и Тал Ал Султан“, се додава во соопштението.
Адрае објави мапа под име „зони за евакуација“, според која израелската војска го поделила Појасот Газа во „блокови“ во подготовка за нова фаза на судири во кои ги прецизира локациите што ќе ги бомбардира на начин да им овозможи на жителите да се евакуираат на време.
Портпаролот на војската нагласи дека „почитувањето на упатствата за евакуација е најсигурен начин да ја сочувате сопствената безбедност, животот и животите на вашите семејства“.
Израелската војска на 1-ви декември (петок) продолжи со интензивни напади низ Појасот Газа по завршувањето на хуманитарната пауза.
По неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври, Израел возврати со немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници.
Оттогаш се убиени повеќе од 15.207 Палестинци, од кои 70% се деца и жени, а ранети се 40.650 лица.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.