Rania R.a. Abushamala
24 Јуни 2024•Ажурирај: 25 Јуни 2024
АЛ-КУДС (АА) – Израелската Влада го одобри нацрт-законот за продолжување на старосната граница за пензионирање на воените резервисти, јавува Анадолу.
Нацрт-законот треба да биде претставен пред Кнесетот, израелскиот парламент, на усвојување на утрешната седница.
Со нацрт-законот се бара продолжување на службата за резервните офицери и војници за дополнителни три месеци, објави израелскиот Канал 12.
Исто така, се работи на продолжување на стажот за резервните војници до 41 година и за резервните офицери до 46 години.
Според израелските медиуми, актуелниот закон за резервна служба истекува на 30 јуни, што ја нагласува итната потреба за негово донесување оваа недела со три парламентарни гласања.
Според важечкиот закон, резервните војници имаат обврска да служат војска до 40 години, а резервните офицери до 45 години.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на 11 јуни побара продолжување на законот за шест месеци. Сепак, по критиките од владиниот правен советник Гали Бахарав-Мијара, продолжувањето е договорено да биде три месеци.