Burak Dağ
09 Декември 2024•Ажурирај: 10 Декември 2024
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија ја окупирала сириската страна на планината Хермон (Шеик) во окупираната Голанска Висорамнина, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Израелската државна телевизија КАН објави дека армијата потврдила дека ја окупирала планината Шеик на сириската страна на окупираната Голанска Висорамнина.
Во веста се наведува дека единиците кои се дел од воздухопловните сили на израелската армија ја зазеле сириската страна на планината Шеик со цел да ги зајакнат своите одбранбени позиции против „можните закани“ од групите кои го собориле режимот на партија Баас.
Операцијата на израелската армија за окупација се случила откако групите кои го собориле режимот на партија Баас почнале да ги заземаат позициите на сириската армија на границата со Израел.
Се истакнува дека израелските војници не наишле на отпор за време на операцијата.
Израелската армија соопшти и дека по соборувањето на 61-годишниот режим на Баас во Сирија испратила сили во окупираната Голанска висорамнина и во тампон зоната со Сирија.