свет

Израелската армија уби уште тројца новинари во Газа

„Израел намерно убива новинари во Газа за да го замолчи гласот на Палестина, да ги скрие фактите и да спречи вестите и информациите да стигнат до регионалната и меѓународната јавност“, објави Канцеларијата за медиуми на владата во Газа

Muhammed Emin Canik  | 23.03.2024 - Обновена : 24.03.2024
Израелската армија уби уште тројца новинари во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Уште тројца новинари се убиени во нападите на израелската армија во Појасот Газа, известува Анадолу.

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа соопшти дека од 7 октомври минатата година, кога Израел ги започна нападите врз Појасот Газа, убиени се 136 новинари.

Фоторепортерот Мохамед ал-Рифи, кој работеше со многу медиумски организации, починал од здобиените повреди во нападот на раскрсница во југоисточниот дел на градот Газа.

И фоторепортерот на телевизија Раками, Абдурахман Сајиме, бил убиен кога израелската армија ја бомбардирала неговата куќа во бегалскиот камп Бурејџ во централните делови на Појасот Газа.

Мохамед Имад Иса, водител на каналот Ал-Кудс'ул-Јаум, е убиен заедно со многу членови на неговото семејство како резултат на израелско бомбардирање на неговиот дом.

Во претходното соопштение на Канцеларијата за медиуми се наведува дека Израел намерно убивал новинари во Газа „за да го замолчи гласот на Палестина, да ги скрие фактите и да спречи вестите и информациите да стигнат до регионалната и меѓународната јавност“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın