Mehmet Nuri Uçar
25 Декември 2023•Ажурирај: 26 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Израелската армија уби најмалку 23 Палестинци во напади врз две куќи во градот Хан Јунис на јужниот дел од Појасот Газа, јавува Анадолу.
Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, најмалку 21 лице загинало, а десетици се повредени во воздушен напад на израелската армија врз домот на семејството Салах во Хан Јунис.
Се наведува дека под урнатините има многу луѓе.
Две лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога израелските сили бомбардираа куќа во областа Амал во Хан Јунис.
Најмалку 70 лица загинаа во воздушниот напад на израелската армија во текот на ноќта врз домовите на цивили во бегалскиот камп Ал-Магази во централниот дел на Појасот Газа.