Израелската армија нападна шатори на раселени Палестинци во кампот Нусејрат во Газа
- Бегалскиот камп Нусејрат честопати беше цел на брутални напади во геноцидната војна што Израел ја спроведува врз палестинската енклава.

СКОПЈЕ (АА) - Израелската армија ги нападна шаторите на раселените Палестинци во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел од Појасот Газа, јавува Анадолу.
Според Министерството за здравство на Газа, Израел уби 35 Палестинци во последните 24 часа, со што бројот на жртви од октомври 2023 година надмина 52.400.
Бегалскиот камп Нусејрат честопати беше цел на брутални напади во геноцидната војна што Израел ја спроведува врз палестинската енклава.
Израелската Армија ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од 19 јануари.
Меѓународниот кривичен суд изминатиот ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за воените дејствија во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.