Ekipa
11 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
ГАЗА (АА) - Израелската армија утринава изврши воздушни напади во 15 различни локации низ Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинарите на Anadolu Agency во Газа, нападите главно се случиле во централниот и северниот дел на Појасот Газа.
Нема пријавени повредени лица од палестинското Министерство за здравство. Сепак, нападите предизвикаа тешки оштетувања во областите.
„Нападот е извршен како одговор на ракетните истрели лансирани од Појасот Газа кон израелската територија претходно таа вечер“, изјави портпаролот на израелската армија, Авичај Адрае, на социјалната мрежа Твитер.
Израелската армија вчера соопшти дека пресретнала две ракети истрелани од Газа кон Израел. Поради тоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху морал да го прекине својот говор во пресрет на изборите во Ашдод.