Mahmut Atanur
11 Септември 2019•Ажурирај: 12 Септември 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди индонезиската покраина Северно Сулавеси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Управата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,7 степени бил на отворени води 14 километри југоисточно од местото Мелонгуан на островите Талауд кои се наоѓаат во северниот дел на оваа индонезиска покраина.
Се соопштува дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот, а по него не е издадено предупредување за цунами.
Во земјотресот со јачина од 7,5 степени кој се случи на 28 септември во 2018 година на индонезискиот остров Сулавеси, и во цунамито кое се случи по овој земјотрес, смртно настрадаа 4.340 лица во различни подрачја.