Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Sümeyye Özer
16 Август 2019•Ажурирај: 17 Август 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за внатрешни работи, Арјех Дери, изјави дека на Рашида Тлаиб, конгресменка во Пратеничкиот дом, ѝ е дозволено да го посети семејството во Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава од Кабинетот на Дери се истакнува дека барањето на американската конгресменка Тлаиб за посета на нејзиното семејство е одобрено.
Во изјавата, исто така, се истакнува дека Тлаиб синоќа испратила порака до Дери со ветување дека „ќе го посети семејството во согласност со правилата на Израел“. По таа порака, на американската претставничка ѝ било дозволено да ја посети својата земја само поради хуманитарни цели.
Тлаиб испрати порака до Израел, истакнувајќи дека сака да го посети своето семејство, особено нејзината 90-годишна баба, и дека тоа ѝ е последна шанса. Таа во пораката, исто така, ветила дека ќе ги почитува правилата на Израел и дека за време на посетата нема да се вклучи во никаква пропаганда за бојкот на Израел.
Израел вчера донесе одлука за забрана на влез во земјата на муслиманските конгресменки во Претставничкиот дом на САД, Рашида Тлаиб и Илхан Омар.