свет

Израел со фосфорни бомби ги гаѓаше јужните региони на Либан

Израелската Армија со силен артилериски оган и фосфорни бомби го бомбардираше градот Хијам во јужниот дел на Либан

İdiris Okuduci  | 18.04.2024 - Обновена : 18.04.2024
Израел со фосфорни бомби ги гаѓаше јужните региони на Либан

БЕЈРУТ (АА) - Израелската Армија изврши напад со фосфорни бомби на јужниот дел на Либан, јавува Анадолу.

Според либанската новинска агенција ННА (NNA), израелската Армија со силен артилериски оган и фосфорни бомби го бомбардираше градот Хијам, кој се наоѓа во јужниот дел на Либан, во близина на границата со Израел.

Од друга страна, движењето Хезболах објави дека нивните единици извршиле напади врз израелските сили.

Во соопштението се наведува дека гаѓале кон израелските војници во градот Метула, кој се наоѓа на границата со Израел, додека се обидувале да одвлечат воено возило кое било претходно погодено, а меѓу војниците има и мртви и ранети.

Хезболах објави дека уште двајца негови припадници биле убиени во судирите со Израел.

Бројот на загинати припадници на Хезболах убиени во судирите со израелската Армија на границата од 8 октомври 2023 година се искачи на 278.

Покрај тоа, во судирите загинаа 54 либански цивили, седум израелски цивили и 11 војници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.