Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Израел продолжува со нападите: „Епидемиска катастрофа“ во Газа

Палестинската министерка за здравство Маи ал-Каила изјави дека случаите на заразни болести во бегалските центри како и училиштата и болниците буквално достигнале катастрофално ниво
Qais Omar Darwesh Omar,Zeynep Tüfekçi Gülay
05 Декември 2023•Ажурирај: 06 Декември 2023
Израел продолжува со нападите: „Епидемиска катастрофа“ во Газа

РАМАЛА (АА) - Беше предупредено дека во Газа, каде што Израел продолжува со нападите, има епидемиска катастрофа поради недостигот на вода, храна, лекови и хигиенски материјали, јавува Анадолу.

Палестинската министерка за здравство Маи ал-Каила, во Рамала на окупираниот Западен Брег, изјави дека случаите на заразни болести во бегалските центри како и училиштата и болниците, каде што престојуваат цивилите раселени поради израелските напади, буквално достигнале катастрофално ниво.

Истакнувајќи дека има недостиг од вода, храна, лекови и хигиенски материјали, Ал Каила рече дека тоа предизвикало брзо ширење на болести и заразни заболувања кај бегалците и предизвикало епидемиска катастрофа.

Според нејзините зборови, значително е зголемен бројот на разни болести кај раселените лица.

„Регистрирани се 117.000 случаи на акутна респираторна инфекција, 86.000 случаи на дијареја и дехидрација кај деца на возраст под пет години, 26.000 случаи на шуга и вошки и повеќе од 2.400 случаи на сипаници. Случаите на дијареја кај децата во Газа во само еден месец ги надминаа регистрираните случаи на дијареја во истата возрасна група во 2020 и 2021 година. Забележано е и зголемување на случаите на хепатитис“, истакна Ал Каила.

Осврнувајќи се на проблемите во здравствениот сектор во Газа, Ал Каила посочи дека во регионот има недостиг од лекови и дека капацитетите за кревети се недоволни.

„20 болници сè уште не работат. Стапката на зафатеност на болниците во јужниот дел на Газа надмина 216 отсто. Покрај тоа, има голем недостиг на персонал, лекови, медицински материјали и гориво“, нагласи Мејл.

Таа потсети дека повеќе од 1,8 милиони луѓе, што е речиси 80 отсто од населението во Газа, се раселени поради израелските напади.

Ал Каила изјави дека во Газа дошло до невидена хуманитарна криза и дека инфраструктурата е уништена како резултат на израелските напади од 7 октомври.

Таа додаде дека од 7 октомври досега во Газа загинале речиси 15.900 Палестинци, а над 42.000 се ранети. Повеќе од 70 отсто се жени и деца.

related_topics:
Израелепидемиска катастрофаГаза
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Нетанјаху му кажа на Вашингтон: Нема да има палестинска власт во Газа по војната

Нетанјаху му кажа на Вашингтон: Нема да има палестинска власт во Газа по војната

Следно

Во напад на израелската војска повредени 4 либански војници

Во напад на израелската војска повредени 4 либански војници

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џон Кери: Продолжувањето на тензии донесува неизвесност на единственото палестинско раководство

Џон Кери: Продолжувањето на тензии донесува неизвесност на единственото палестинско раководство

Давутоглу: Турција не ја заборава Палестина ниту во сон

Давутоглу: Турција не ја заборава Палестина ниту во сон

Израелските сили убиja еден Палестинец, ранет е член на АА

Израелските сили убиja еден Палестинец, ранет е член на АА

Можна дипломатска криза помеѓу Израел и Бразил

Можна дипломатска криза помеѓу Израел и Бразил

Во Израел забранет романот за љубовта помеѓу Израелка и Палестинец

Во Израел забранет романот за љубовта помеѓу Израелка и Палестинец

Израелските воени авиони ја нападнaa Газа

Израелските воени авиони ја нападнaa Газа

Калиграфот Келуб во Газа го препишува Куранот на големи картонски страници

Калиграфот Келуб во Газа го препишува Куранот на големи картонски страници

Специјалниот известувач на ОН за Палестина поднесе оставка

Специјалниот известувач на ОН за Палестина поднесе оставка

Калифорнија: Забрана на движењето кое пропагира бојкот на Израел

Калифорнија: Забрана на движењето кое пропагира бојкот на Израел

Франција ќе ја признае Палестина доколку Израел ги блокира преговорите

Франција ќе ја признае Палестина доколку Израел ги блокира преговорите