Aida Cako
21 Октомври 2025•Ажурирај: 22 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Денес Израел предаде тела на уште 15 Палестинци, како дел од тековниот договор за прекин на огнот и размена на затвореници, со што вкупниот број на вратени тела се искачи на 165, јавува Анадолу.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го олесни предавањето, вршејќи транспорт на телата во болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.
Враќањето на телата се одвива според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас, кој стапи на сила на 10 октомври. Договорот се базира врз план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.
Договорот за прекин на огнот меѓу палестинската група Хамас и Израел, врз основа на план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, стапи на сила на 10 октомври.
Во договорот се предвидува постепено повлекување на израелските сили, меѓусебна размена на затвореници, итен влез на хуманитарна помош и разоружување на Хамас.
Прекинот на огнот стави крај на двегодишната војна во која се убиени повеќе од 68.000 Палестинци, околу 170.000 се повредени и уништен е поголем дел од инфраструктурата на Газа.