Ahmed Asmar
14 Април 2023•Ажурирај: 16 Април 2023
АНКАРА (АА) - Израелската војска прекори висок воен офицер бидејќи се состанал со министерот за национална безбедност на земјата од екстремната десница, Иам Бен Гвир, без дозвола од командата, пренесува Анадолу.
Израелската војска соопшти дека полковникот Авиноа Емунах, командант на Тактичкиот команден колеџ во состав на војската, бил прекорен од неговиот старешина поради состанокот со Бен Гвир без координација или претходна дозвола.
Со средбата полковникот Емунах ја прекршил забраната за директен контакт меѓу војската и политичарите на функција.
Весникот „Тајмс од Израел“ извести дека Емунах е водечки кандидат за шеф на контроверзната национална гарда на Бен Гвир, која израелската Влада ја одобри минатата година.
Многу израелски опозициски групи остро ги критикуваа Бенгвировите сили кои како милиција ќе го спроведуваат неговиот екстремистички план.
Полковникот Емунах предизвика уште една контроверзија кога се појави на филм во 2014 година, во кој ги поттикнува израелските војници да убиваат Арапи (Палестинци). Филмот е снимен непосредно пред израелскиот напад на Газа.