Mohamad Misto,Zeynep Hilal Karyağdı
02 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
ДАМАСК (АА) - Израелската војска изврши воздушен напад во главниот град на Сирија, поточно воената точка на либанскиот Хезболах и некои од позициите на сириските режимси сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори јавија дека израелските авиони бомбардираа воена точка во регионот Џабал Мани, југозападно од Дамаск. Се наведува дека се работи за воена позиција каде се наоѓале милитантите на Хезболах, односно каде се вршело производството на муниција и експлозивни направи.
Авионите исто така ги бомбардирале и позициите на режимските сили во наведениот регион.
Од друга страна, дојде до ракетни напади на Голанската висорамнина, која се граничи со територијата на Дамаск. Над регионот во моментот може да се забележи чад.