свет

Израел задоволен со објавата на САД дека немаат дефинитивен заклучок за убиството на новинарката на „Ал Џезира“

Палестинските власти ги отфрлија резултатите од форензичките анализи од страна на експертите во САД

Gülşen Topçu  | 05.07.2022 - Обновена : 06.07.2022
Израел задоволен со објавата на САД дека немаат дефинитивен заклучок за убиството на новинарката на „Ал Џезира“

АНКАРА (АА) - Израел е задоволен по објавата на Соединетите Американски Држави (САД) дека нема дефинитивен заклучок за потеклото на куршумот што ја уби новинарката на Ал-Џезира, Ширин Абу Аклех, јавуваат израелските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Додека Израел е задоволен од наодите, палестинската страна ги отфрли резултатите од форензичките анализи од американските експерти, објави весникот „Једиот Ахронот“.

САД вчера го завршија испитувањето на куршумот со кој беше застрелана Абу Аклех, а портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, рече дека истрелите од израелските позиции се веројатно одговорни за нејзината смрт.

„По екстремно деталната форензичка анализа, независните истражувачи од трета страна, како дел од процесот надгледуван од американскиот координатор за безбедност (USSC), не можеа да достигнат дефинитивен заклучок во врска со потеклото на куршумот што ја уби палестинско-американската новинарка Ширин Абу Аклех“, се додава.

Како одговор на наодите на САД, израелскиот премиер Јаир Лапид рече: „Истрагата [на израелските одбранбени сили] не беше во можност да утврди кој е одговорен за трагичната смрт на новинарката Ширин Абу Аклех, но беше во можност убедливо да утврди дека не постоела намера да ѝ се наштети“. Тој исто така изрази тага поради нејзината смрт.

Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц, рече: „Покрај форензичка истрага, не е можно да се стигне до дефинитивен заклучок.“

Во неговиот говор емитуван на телевизија и објавен на Твитер, Ганц смета дека „терористите кои делуваат од населените центри“, се одговорни за застрелувањето на Абу Аклех.

Тој истакна дека било невозможно да се „открие изворот на пукањето и истрагата ќе продолжи“.

Израелскиот јавен радиодифузер, од друга страна, соопшти дека американски експерт извршил вештачење на оружјето и куршумот што ја убил Абу Аклех во лабораторијата на израелската полиција во Кудс.

Абу Аклех (51) беше застрелана на 11 мај, додека известуваше за нападот на израелската Војска во близината на бегалскиот камп во Џенин на окупираниот Западен Брег.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.